Шербеџија се огласи за одложениот концерт во Винковци: Чисто политиканство

 

Хрватскиот актер, режисер и музичар, Раде Шербеџија, на својата официјална Фејсбук страница објави откажување на концертот во Винковци што требаше да се одржи на 15 ноември.

Настапот бил откажан бидејќи градоначалникот на Винковци, Иван Босанчиќ, сметал дека не е соодветно да се одржи концерт пред годишнината од падот на Вуковар.

Големата актерска ѕвезда тврди дека пред еден месец организаторите на „Филмскиот фестивал на актери “ во Винковци го повикале да одржи концерт по повод затворањето на фестивалот и доделувањето на награди.

„Секако, се согласив, бидејќи Винковци е мојот град во кој пораснав и кој секогаш има посебно место и значење во мојот живот.“

„Иако мојот концерт, веднаш откако беше најавен, беше распродаден поради, како што ми кажаа организаторите, големиот интерес, особено на младата публика во Винковци, вчера ме известија дека концертот е откажан. Градските власти објаснија дека концертот се откажува поради чувствителноста на тематските манифестации во таа недела во која требаше да се одржи концертот.“

„Секако, не се согласувам со таквата одлука бидејќи ја сметам за чисто политиканство. Моите песни пропагираат љубов, хуманизам и благост и не можат никого и ништо да навредат.“

„Денес ми се јавија организаторите и ме замолија да одржам концерт во декември… И јас секако ќе го сторам тоа. Но, не поради нив, туку поради Винковчани кои сакаат да дојдат на мојот концерт.“

„На крајот на краиштата, како што е задача на лекарите е да се грижат за здравјето на луѓето, задача на нас уметниците е да се грижиме за духовното здравје на луѓето за кои снимаме филмови, глумиме на театарски претстави и понекогаш пееме свои песни,“ напиша Шербеџија.

Имено, концертот бил одложен на барање на градоначалникот на Винковци, Иван Босанчиќ, со образложение дека тајмингот не е адекватен. „Концертот е планиран за неделата кога ќе се потсетиме на најголемата трагедија на хрватскиот народ во поновата историја, кога во мир и почит ќе им оддадеме почит на жртвите од Вуковар и нашиот регион,“ им кажал градоначалникот на организаторите на концертот.

28.10.2021 - 14:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега