Шерон Стоун: Имам 62 години а сите сакаат да ми ги видат градите - доста е
Шерон Стоун отворено зборуваше за предностите и недостатоците што доаѓаат со статусот на сексуални симболи во Холивуд.
"Воопшто не сум сигурна како станав секс симбол. Не мислев дека сум толку секси. Кога го снимав ,,Сурови страсти", ја истражував мојата мрачна страна и стекнав нови пријатели. Успеав да постигнам да не се плашам и да не се срамам од себе и мислам дека тоа е она што луѓето го сметаат за секси кај мене “, изјави актерката за списанието „ Town & Country“.
"Луѓето сè уште сакаат да ги видат моите гради. Па, јас имам 62 години! Ајде, пораснете, доста е", рече Шерон, која се здоби со статус на секс симбол благодарение на сцената во која ја префрли ногата преку нога во мини фустан во полициска станица, додека не носеше ништо под него.
Таа зборува и за негативните страни на таа титула.
"Тешко е затоа што сите очекуваат од тебе да бидеш постојана. И беше навистина тешко и на Мерилин Монро. Снимила филмови кои беа навистина важни, но секогаш беше придружена со слика на секс симбол. Многу е тешко се справиш со тоа “, рече Шарон.
На 63 години, вели Стоун, го пронашла мирот и нејзината цел.
"Мислам дека треба да изберете како сакате да остарите. Сигурна сум дека ја имам мојата судбина под контрола и сега се обидувам да ја исполнам со што поголем интегритет и да бидам што е можно поотворена", заклучи актерката.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа