Шпански десерт на кој никој не може да одолее - направете чуроси, слатко тесто со вкус на цимет

 

За овој вкусен рецепте потребни ви се следниве состојки:

200 г брашно

1/4 лажиче сол

5 супени лажици шеќер во прав

275 мл вода

1 изматено јајце

1 жолчка

1 лажиче екстракт од ванила

1 л сончогледово масло

1 лажиче цимет

Приготвување:

Измешајте брашно, сол и 1 супена лажица шеќер во чинија. Сипете вода во тенџере и загрејте ја да зоврие. Тргнете ја од оган, додајте ја мешавината со брашно и мешајте додека се формира мазно топче што не ги допира рабовите на тенџерето. Оставете го да се лади 10 минути.

Најубавиот џем од смокви се приготвува за само 90…

Постепено додавајте цело јајце, жолчка, па екстракт од ванила во мешавината од брашно и матете додека стане смесата мазна. Со лажица ставете ја во кеса за филување со рамен продолжеток со пречник од 1 см.

Сипете масло во тенџере со средна големина, до длабочина од 2,5 см. Загрејте масло на 170 степени и ставете мала количина од мешавината во маслото. Доколку маслото веднаш почне да прави пена, спремно е за користење. Нанесувајте од мешавината во разни облици во маслото повеќе пати, сечејќи ги краевите со кујнски ножици. Пржете ги чуросите 2-3 минути додека почнат да пловат и да заруменуваат, превртувајте ги ако е потребно за да добијат еднакво боја насекаде.

Извадете ги чуросите од маслото, добро исцедете ги на кујнска крпа, а потоа посипете ги со преостанатиот шеќер измешан со цимет. Продолжете да цедите од тестото од вреќичката и пржете додека ја употребите цела мешавина. Послужете ги топли или ладни. Највкусни се дента кога се приготвени.

Добар апетит!

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.09.2020 - 12:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега