Силен земјотрес ја стресе Грција - луѓето во паника излегле на улиците

 

Земјотрес со интензитет од 4,4 степени според Рихтер ја погоди вечерва Грција.

Според ЕМСЦ, потресот е во близина на Атина, 80 километри северозападно од Перистери и 23 километри северно од Неа Артаки, на длабочина од 2 километри.

Како што пренесуваат грчките медиуми, луѓе во паника излегле на улиците. Сеизмолозите велат дека се работи за вообичаена активност и дека нема опасност од нови потреси.

04.01.2023 - 22:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега