„Сите ќе ве разнесам“: Момче постави морничава порака пред зградата на Собранието во Подгорица

 

Десетгодишно момче оставило белешка пред зградата на Собранието во Подгорица на која напишал „Сите ќе ве разнесам“.

Наводно, момчето ја напишало и оставило пораката ден пред да се одржи состанокот на Општинскиот комитет на Демократската партија на социјалистите во таа зграда, но обезбедувањето го нашло дури тој ден, дознава Вијести.

Според информациите на „Вијести“, момчето ја напишало пораката и ја оставило додека го чекало својот татко, кој влегол во зградата, да си ги заврши обврските.

Зградата била евакуирана, додека во една од просториите се одржал состанок на кој присуствувал и претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ.

03.03.2023 - 11:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега