Скопјанец ја нападнал и ограбил поранешната партнерка

Денеска (17.04.2024) во 09.20 часот на подрачјето на Драчево, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.Б.(31) од Скопје.

Тој се сомничи дека на 16.04.2024 околу 22.00 часот на подрачјето на Шуто Оризари физички ја нападнал неговата поранешна 37 – годишна партнерка и ѝ го одзел накитот.

Одземеното било пронајдено, а лицето било задржано во полициска станица.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

17.04.2024 - 18:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега