Со црвена боја демонстрантите испишаа убијци на асфалтот пред Влада

 

По скандалот со кражбата на лекови на Онкологија попладнево поголема група на граѓани се собраа пред Владата на Република Македонија. Тие со црвена боја на асфалтот пред Владата испишаа убијци и оставија отпечатоци од дланки.

„Малку ли ви се 78 проценти покачување на плата па земате од народот и го убивате, не ли ви е срам?“, прашуваа демонстрантите и во еден глас скандираа „Убијци, убијци“

Протестот се случува откако беше објавено дека на пациентите им биле давани физиолошки раствори, а скапите лекови против канцерогинете заболувања завршувале на црниот пазар.

Организаторите на протестот претходно најавија дека нема да прифатат одговорност само од најнискиот ешалон на Клиниката туку дека ќе бараат кривична одговорност за владините функционери.

04.09.2023 - 19:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега