Сообраќаен колапс во Германија: Работниците си бараат покачување на платите ама и „парична инјекција“ од 3.000 евра

Вистински сообраќаен хаос доживува денеска Германија поради протест на машиновозачите. Стотици илјади луѓе денеска, ама и во следните два дена ќе си бараат чаре како да стигнат на работа, ако досега секојдневно користеле возови. 

Во исто време протестираат и земјоделците против планираното укинување на субвенциите за гориво.

Штрајкот на машиновозачите го свика синдикатот „GDL“, откако пропаднаа преговорите за зголемување на платите и намалување на работното време со операторот „Deutsche ban“. Учесниците на протестот бараат намалување на работното време од 38 на 35 часа неделно, покачување од 555 евра месечно и еднократен инфлациски бонус од 3.000 евра.

10.01.2024 - 20:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега