Сообраќајка на патот Струга-Дебар, повредени четири лица
Вчера во 17.15 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на регионалниот пат Струга – Дебар, од крстосница за с.Пискупштина кон с.Луково, струшко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Џ.И.(51) од с.Делогожда, струшко и патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.Н.(47) од Струга.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатничката Ф.И.(46) од с.Делогожда, струшко, од возилото „фолксваген голф“, а со телесни повреди се здобила уште една сопатничка од истото возило, И.Л.(73) од с.Делогожда, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид и Медицинскиот Центар во Струга, информира МВР.
Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Струга.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа