Сослушани нови сведоци во случајот за убиството на Данка: Еден од нив позајмил автомобил на осомничениот


Во Вишото јавно обвинителство во Заечар заврши сослушувањето на двајца сведоци во рамки на истрагата за убиството на двегодишното девојче Данка Илиќ, за кое се уапсени работниците на „Водовод“ во Бор, Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ. Според Нова.рс, денеска биле сослушани директорот на „Водовод“ Бор, Горан Павиќ, како и пријател на осомничениот Јанковиќ.

Како што пишува Нова.рс, пријателот на Јанковиќ бил сослушан за тоа што тој му го позајмил автомобилот на осомничениот при потрагата по Данка.

Засега не се знае за какви се околности се изјаснувале сведоците. Се претпоставува дека директорот на „Водовод“ Бор зборувал и за однесувањето на осомничените во деновите на потрагата по Данка, со оглед на тоа дека за делото биле уапсени работници на таа фирма.

Двегодишната Данка Илиќ исчезна на 26 март во Бањско поле кај Бор, а полицијата по 10-дневна потрага и детални проверки на сите индиции и информации ги уапси Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ од Бор, кои се осомничени дека го удриле девојчето со автомобил, а потоа нејзиното тело го ставиле во багажникот на возилото и го однеле на депонија.

Телото на девојчето се уште не е пронајдено.

27.05.2024 - 12:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега