Советот на амбасадори со осуда за нападот врз Христијан Пендиков во Охрид
Совет на амбасадори со длабоко жалење ја прими веста за бруталниот физички напад врз Христијан Пендиков, македонски државјанин со бугарска етничка самосвест инаку секретар на бугарскиот клуб „Борис Трети“ во Охрид направен на 19 јануари од страна тројца охриѓани, се наведува во денешното соопштение од Советот на амбасадори.
Од Советот на амбасадори го осудуваат, како што велат, таквиот варварски чин и воопшто насилството како начин решавање на недоразбирањата помеѓу граѓаните независно од нивната етничка и верска или политичка припадност.
-Советот смета дека овој настан ја вознемири домашната јавност но и јавноста во соседна Бугарија, која со право го протолкува настанот како „антиевропски“ и „антибугарски“ испад, се наведува во соопштението.
Според Советот на амабасадори со таквите насилни испади се рушат добрососедските односи помеѓу двете соседни држави Северна Македонија и Бугарија, духот на мирот и соработката во регионот но и репутацијата на нашата држава како мирна и пријателска држава и кандидат за членството во Европската Унија.
Советот на амбасадори бара од надлежните судски органи најитно да го процесуираат судкиот процес и виновниците да добијат заслужени казни.
Советот го поздравува гестот на министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој заедно со неговиот бугарски колега Николај Милков да го посетат повредениот Христијан Пендиков и да му пружат морална и охрабрувачка поддршка како и да му се гарантира неговата безбедност во матичната држава Северна Македонија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа