Срамна грешка: Познат новинар се самозадоволувал за време на видео-состанок

 

Новинарот на „Њујоркер“, Џефри Тобин доби отказ поради непримерното однесување минатиот месец за време на видео-конференција со неговите колеги.

Од „Њујоркер“ соопштија дека Тобин добил отказ после истрагата на видео-состанокот.

 

60-годишниот новинар на социјалната мрежа „Твитер“ напиша дека „секогаш ќе го сака магазинот, ќе му недостигаат колегите и дека ќе продолжи да ги чита нивните текстови“.

Тобин кој работеше и во „СиЕнЕн“, стана дел од тимот на „Њујоркер“ во 1993-та година. Сепак, управата на магазинот експресно му врачи отказ откако новинарот мастурбирал за време на видео-состанок одржан преку апликацијата "Zoom".

Тој изјавил дека мислел дека камерата му е исклучена и го опишал случајот како „срамна и глупава грешка“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.11.2020 - 11:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега