Србија: Познат пејач со нож избодел членови на својот бенд, тие се борат за живот (ФОТО)
Познатиот пејач од Крагуевац, Милош Стевановиќ (39) синоќа со нож избодел двајца членови на својот бенд, по жестока расправија.
Како што објаснува изворот на нашиот портал, немало масовна тепачка како што се верувало во првите моменти, туку познатиот пејач на крајот од настапот се скарал со членовите на својот бенд.
-Тие излегоа пред клубот, а потоа пејачот нападна двајца членови на неговиот бенд и ги избоде со нож и двајцата, објаснува изворот на порталот „Нова.рс“.
Прво, медиумите објавија дека пејачот избодел двајца гости во клубот, но новите информации говорат дека избодените се членови на неговиот бенд.
Милош е уапсен.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа