Србин ограбил бензиска, а храбра Чехиња решила да го задржи- го задоволувала ограбувачот додека не стигне полицијата

 

 

Бизарен грабеж се случил во Братислава кога 24-годишен Србин наводно се обидел да ограби бензинска пумпа, објавија локалните медиуми.

Според порталот „Novyn“, разбојникот влегол и му се заканил на работникот дека ќе го убие ако не му ги даде парите. Вработениот ја отворил касата и ги дал парите, а разбојникот наводно неколку пати го удрил работникот во пумпата.

Откако му ги дал парите, вработениот отишол во канцеларијата зад касата каде што бил неговиот колега. Тие побегнале надвор и повикале полиција. Додека излегувале од објектот, ги следел 24-годишниот Србин, кој исто така сакал да ги земе и парите од сефот.

Според словачките медиуми, непозната 36-годишна жена влегла на задниот влез под неразјаснети околности, а според „ТВ JОЈ“, таа започнала орално да го задоволува Србинот сè додека не дојде полицијата и не го уапси осомничениот за грабежот.

– Кога патролата пристигна на лице место, откри дека лицето кое го извршило разбојништвото сè уште е на бензинска пумпа, а полицијата го уапси и го однесе во станица – објавија органите на прогонот на Фејсбук.

Полицијата ги пронашла полуголи, а наводно првите зборови на жената биле:

– Земете го, јас повеќе не сум главна – рекла таа.

Според локалните медиуми, сè уште е непознато зошто 36-годишната Чехиња го избрала овој метод за да го спречи грабежот. Не е познато дали станува збор за вистинско херојско дело, или тоа го сторила од страв или само сакала да го задоволи Србинот за пари.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.01.2021 - 11:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега