Среќник од Калифорнија освои џекпот вреден 1,7 милијарда долари

Жител на Калифорнија ја освои втората највисока добивка на лотарија во светски рамки – неверојатни 1,73 милијарда долари – во средата вечерта.

Џекпотот на американската лотарија „Пауербол“ порасна на неверојатни 1,73 милијарда долари откога не беше извлечен во понеделникот вечерта.

Добитникот има право на избор помеѓу годишна награда вредна околу 1,7 милијарда долари или паушална исплата проценета на 756,6 милиони долари. Секако, државата ќе ѝ наметне огромен данок на наградата.

Добивката од 1,73 милијарда долари е втора по големина по онаа од 2,04 милијарди долари извлечена во Калифорнија минатиот ноември.

„Пауербол“ се игра во 45 американски сојузни држави. Во повеќето од нив еден лоз чини два долара. Играчите сами си ги избираат броевите.

12.10.2023 - 22:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега