Стојаноски порача до парламентарното мнозинство: Повеќе од јасно е дека кратко ќе траете

Пратеникот Бојан Стојаноски од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“ денес од собраниската говорница посочи дека овој парламентарен состав ќе има најкраток рок во историјата на Република Македонија.

„Во ек на светската пандемија конечно за овие брзи, итни избори 40 скоро денови чекавме Собранието да почне со работа. Имаше еден процес за кој што сметам дека сите заеднички треба да го поздравиме, а тоа е процесот дека откога ДУИ постои како партија, за прв пат еве може да кажам тргнува кон процесот европеизација кога се делат ресорите нема ниту една жртва, и тоа е навистина за почит“, рече Стојаноски.

Стојаноски додаде дека навредите во предизборната кампања се ништо друго освен олицитворение на карактерот на оние кои што најдобро се познаваат, а тоа се коалиционите партнери. 

Ќе ми дозволите да цитирам неколку – „Не вредат ни пет пари“, „Здраво е ДУИ да одат во опозиција“, „ДУИ е канцер“, „Од две ракии Зоран Заев не знае што зборува“, итн. 

Стојаноски посочи дека повеќе од јасно е дека ова парламентарно мнозинство ќе биде нестабилно, 62 пратеника не гарантираат дека Собраниево ќе може да одлучува и сите тоа добро го знаат. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.08.2020 - 17:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега