Сторми Даниелс сведочи на судењето против Трамп
Поранешната порно ѕвезда Сторми Даниелс денеска сведочи во судот во Њујорк во кривичната постапка против поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп.
На актерката (45), чие вистинско име е Стефани Клифорд, на крајот на претседателската кампања во 2016 година и исплатиле 130.000 долари за да молчи за наводен сексуален однос со Доналд Трамп во 2006 година.
Станува збор за долгоочекуваната пресметка на поранешниот претседател на САД и порно ѕвезда која тврди дека имале секс, јавија американските медиуми.
Обвинителите велат дека Трамп ги прикрил информациите за исплата од 130.000 долари кои на Даниелс и ги исплатил неговиот поранешен адвокат Мајкл Коен пред претседателските избори во 2016 година.
Коен претходно изјави дека Трамп му наредил да и плати на Даниелс за таа да не зборува за сексуалниот однос со Трамп од 2006 година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа