Тајланд ги легализира истополовите бракови: стотици парови стапуваат во брак
Во Тајланд денеска стапи на сила законот за легализирање на истополовите бракови, а стотици парови ширум земјата се венчаа на јавни прослави.
Свадбите, меѓу другото, се одржаа во еден од најголемите трговски центри во Бангкок, на прослава организирана од градските власти, јави Би-Би-Си.
Низ главниот град беа поставени кабини за фотографирање и бесплатни колачи, а една населба во Бангкок дури нудеше бесплатни авионски билети на првиот пар што ќе се венча во таа општина.
Тајландскиот Закон за еднаквост во бракот има за цел да им даде целосни правни, финансиски и медицински права на ЛГБТК+ паровите.
Партнерите ќе имаат еднакви права и одговорности во постапувањето со заедничкиот имот, даночните обврски и одбитоци, наследните права и семејните бенефиции.
Околу 30 земји ширум светот легализираа некаква форма на истополови бракови, од кои повеќе од половина се во Европа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа