Таравари за монструозниот случај со насилството врз тримесечното бебе: Виновниците ќе бидат пронајдени и казнети

Министерот за здравство Арбен Таравари, синоќа во објава на Фејсбук информираше дека дознал за, како што вели монструозен случај, во кој тримесечно бебе имало траги на насилство по телото.

Таравари вели дека семејството на бебето тврди дека тоа било тепано на  педијатрија од медицинската сестра бидејќи мајката на детето не знаела македонски.

-Доколку овој случај е вистина, оваа медицинска сестра веднаш ќе биде отпуштена и јас лично ќе се погрижам веднаш да биде упатена до правните органи. Каква и да е вистината, виновниците за овој грозен и болен чин ќе бидат пронајдени и казнети
Сега одам лично на местото на настанот за да се сретнам со семејството и персоналот!, напиша Таравари.

Таравари синоќа заедно со директорот на Детската клиника отиде и лично да се сретне со семејството на детето, по што потврди дека бебето има повреди по телото и повтори дека ќе се преземат мерки.

-Родителите се жалеа дека можеби не е третирано како што треба на Клиниката. Заедно со директорот дојдовме одблизу да видиме што се случува. Сите пациенти се важни, но децата се посебно важни. Од утре треба специјална комисија на Клиниката да разгледа и да ја слушне и другата страна. Ви гарантирам дека веднаш ќе преземеме мерки против тие коишто постапиле лошо кон детето коешто дојдовме вечерва да го посетиме. Не смееме да се однесуваме лошо кон пациентите, рече Таравари.

За случајот со повреденото тримесечно бебе претходно инфомираше порталот „Икс“.

13.07.2024 - 10:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега