Таткото на Бритни Спирс со нови закани – и велел дека ќе и ги земе децата

 

Скандалот со Бритни Спирс и нејзиниот татко продолжува. Овојпат таа со солзи му се јавила на адвокатoт за да го извести дека нејзиниот сопствен татко повторно и се заканува, и тоа со одземање на нејзините деца.
Како што велат странските медиуми, сите закани ќе бидат прикажани на Нетфликс во документарецот на Бритни кој се вика „Бритни наспроти Спирс“.

Во овој документарец е најавено дека ќе бидат пласирани многу важни докази. Имено, аудио делови ќе бидат објавени во јавноста, а познатата пејачка ќе изнесе нови детали за старателството на Џејми на неговата ќерка.

Датумот за премиера на филмот е 28 септември, ден пред закажаното судско рочиште. Бритнисе соочи со јавна криза во ментално здравје пред 13 години, и затоа целиот тој период нејзиниот татко Џејми Спирс имаше старателство над неа и управуваше со нејзиниот живот и имот.

24.09.2021 - 10:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега