„Те гледам Атиџе„- после години мрак прогледа братот на хероината од „Медена земја“-Турунџиева помогна да му се направи операција на очите
Хероината од документарниот филм „Медена земја“ Атиџе Муратова и Сузана Турунџиева често може да се видат заедно, а сега Турунџиева сподели убава вест на својот иднстаграм профил.
Сузана сега му помогна и на нејзиниот брат Феим да направи операција на очите и да си го врати видот. Сликата направена во очна клиника, Турунџиева ја објави на Инстаграм.
„Те гледам Атиџе, еее сега те гледам’ беа зборовите на Феим – братот на Атиџе по операцијата која денеска му ја направи д-р Наум Трпеноски и му го врати видот кој целосно му беше онеспособен. Огромна благодарност до целиот тим на ‘Промедика oфталмологија’ што им го враќате видот и можноста на луѓето да живеат нормално и спокојно“, напиша таа.
View this post on Instagram
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа