Тешко повреден тетовчанец - со четирицикл излетал од пат

 


Маж од тетовско е тешко повреден откако излетал од пат со четирицикл. 

Како што соопштија од полицијата вчера во 13.15 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Тетово-с.Јажинце, кај село Џепчиште, тетовско, Р.Р.Р.(57) од село Шемшево, тетовско, управувајќи четирицикл „јамаха“ со струшки регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал надвор од коловозот.


 

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Тетово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

06.02.2025 - 12:26

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега