Тинктура од лук: Зајакнување на имунитетот, намалување на холестеролот, ослободување од алергии и регулирање на крвниот притисок
Една од најздравите намирници во светот е секако лукот. Силата на ова растение се користи во народната медицина повеќе од 5.000 години. Еден од најстарите рецепти во светот е оној од Тибет, каде тинктурата на лукот беше најмоќниот лек против разни болести.
За што се користи тинктурата на лук?
- Да се намали холестеролот
- Да се зајакне имунитетот и да се забрза метаболизмот
- Да се регулира крвниот притисок
- Против астма и белодробни заболувања
- За третман на хроничен синузитис
- Против сезонски алергии
- Против гастритис
- Против разни воспаленија (природен антибиотик)
Тинктура од лук
Состојки:
350 гр домашен лук
2 dcl медицински алкохол
Подготовка:
Излупете го лукот и исечкајте го на половина. Теглата добро измијте ја. Кога ќе се исуши, ставете го лукот во него, а потоа и алкохол. Затворете ја теглата и ставете го во фрижидер. Протресете го барем еднаш на ден, но оставете го затворено 10 дена. После тоа, процедете ја смесата, па истурете ја назад во теглата и вратете ја во фрижидер.
Тинктурата се става во форма на капки во вода и се пие околу 15 минути пред појадок, ручек и вечера.
Ден 1: 1 капка пред појадок, 2 капки пред ручек и 3 капки пред вечера.
Ден 2: 4 капки пред појадок, 5 капки пред ручек и 6 капки пред вечера.
Ден 3: 7 капки пред појадок, 8 капки пред ручек и 9 капки пред вечера.
Ден 4: 10 капки пред појадок, 11 капки пред ручек и 12 капки пред вечера.
Ден 5: 13 капки пред појадок, 14 капки пред ручек и 15 капки пред вечера.
Ден 6: 15 капки пред појадок, 14 капки пред ручек и 13 капки пред вечера.
Ден 7: 12 капки пред појадок, 11 капки пред ручек и 10 капки навечер.
Ден 8: 9 капки пред појадок, 8 капки пред ручек и 7 капки пред вечера.
Ден 9: 6 капки пред појадок, 5 капки пред ручек и 4 капки пред вечера.
Ден 10: 3 капки пред појадок, 2 капки пред ручек и 1 капка пред вечера.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа