Том Селек повеќе нема мустаќи
Холивудскиот ветеран Том Селек неодамна се најде на насловните страници со тоа што одлучи да се раздели од своите култни мустаќи.
78-годишникот, кој се прослави со улогата во крими-серијата од 80-тите, „Магнум: приватен истражувач“, беше забележан во ново издание минатиот месец во Лос Анџелес.
Тој е речиси непрепознатлив со полна брада, покажуваат новите фотографии.
Облечен во црна маица и шорцеви, со бујна сива брада, прославениот актер изгледа несредено и многу далеку од својот славен имиџ на крупен, шармантен срцекршач.
Реткото појавување во јавност на Селек доаѓа во време на подолга пауза од снимањето на полициската драма на Си-би-ес, „Сина крв“, поради штрајкот на холивудските сценаристи.
Актерот беше забележан во „Мекдоналд“ во близина на својата куќа во областа Сан Фернандо Валеј.
Селек, чија кариера трае повеќе од пет децении, ја докажа својата долговечност како актер во бројни ТВ-серии уште од „Магнум ПИ“. Тој глумеше во голем број други ТВ-класици, вклучително и „Пријатели“, каде што го портретира љубовникот на Моника Гелар, и во драмата на „Еј-би-си“, Boston Legal.
Актерот моментно глуми во 13. сезона на полициската драма Blue Bloods („Сина крв“), во улогата на Френк Реган, комесар на њујоршката полиција.
Минатиот месец Селек ја прослави 35-годишнината од бракот со актерката Џили Мек (65), со која се ожени во 1987 година. Двојката има една ќерка Хана, а пред сегашниот брак актерот десет години беше во брак со Жаклин Реј, мајка на неговиот син Кевин. Тие се разведоа во 1982 година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа