Тошковски го тресе МВР: Внатрешна истрага проверува каде „исчезнаа“ речиси 400.000 обрасци за пасоши
Од МВР без детали, додека се истражува како се случи толку голема разлика – од првично нарачаните 400.000 пасоши, до испорачаните 20.000 во средината на февруари, објави Телма.
Министерот Тошковски вчера кажа дека заклучно со 18 месецов, во Македонија требало да пристигнат 400.000 обрасци за пасоши. Првичниот договор бил изменет со одреден акт во декември месец, па наместо 400 илјади, добавувачот имал обврска да испорача 22.000 обрасци.
Од телевизијата побарале одговори од министерството, а оттаму само кратко ги информирале.
„Во врска со договорот за набавка на патни исправи, ве информираме дека за истиот е отворена постапка при одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди“, велат од МВР.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа