Трагедија во Египет: Загинаа шест туристи
Шест лица загинаа во Египет кога потона туристичка подморница. Во несреќата се повредени уште девет лица, од кои четири се во критична состојба.
Туристичката подморница „Синбад“ со 44 патници потона во четвртокот по испловувањето од Хургада.
Спасувачите успеале да спасат 29 луѓе од водата, јавуваат египетските медиуми.
Управата за безбедност на Црвеното Море добила дојава за потонување туристичка подморница, што се случило пред марината на познат хотел, чие име сѐ уште не се споменува во локалните медиуми.
На местото на несреќата се испратени 21 возило на брзата помош, а повредените, поради тешката состојба, се пренесени во локалните болници.
Според медиумите, потонатата подморница веќе неколку години ги предводи туристичките патувања во Хургада.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа