Трајчулевски: Во програмата на Владата има само продолжување на проектите на СДСМ во делот на инфраструктурата

Програмта на ДПМНЕ која е на две страни, во однос на инфраструктурата, е само довршување на прокетите започнати во владта на СДСМ, се друго е само документација. Па  народот не ве гласаше за да владеете и да градите, инаку за тоа  ќе избереше проектантска куќа,  рече претникот на СДСМ, Митко Трајучлевски, на денешната седница на Собранието.
 
-Кога ВМРО-ДПМНЕ ја бараа довербата на народот, кој ги гласаше, беше доверба за која ветуваа  дека ќе го вратат името и дека ќе ја поништат 
Преспансакта спогодба, а во исто време да ја убрзаат Европската интеграција на земјата. Народот гласаше за ДПМНЕ за да го поништи договорот за добрососедство со Бугарија, да создате услови за почитување на пресудите  на евроспкиот суд за чевекови права кои се однесуваат за Македонците во Бугарија, а при тоа да обезбедите  Бугарија да не го болкира патот на Македонија кон ЕУ. За тоа ве гласаше нардот. Да обезбедите ревидирена преговарачка рамка многу подобра од оној катиљ Француски предлог, и граѓаните  тоа го очекуваа од вас, рече Трајчулевски. 
 
Тој потенцираше дека популистичкиот наратив кој го корситеше ДПМНЕ во текот на цела кампања за изборите, креираше големи очекувања кај граѓаните, и ваквите наративи се многу лесни за анимирање на гласачите, но тоа создава лажна слика и нереални очекувања. 
 

 

-Сега очекувањата на граѓаните се кренати до плафон и разочарувањата ќе бидат огромни. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, добија власт и сега бујрум, нека ги исполнат ветувањата .  Национализмонот е  опасно животно, кое ако го јавнете не знаете каде ќе ве однесе, ако паднете ќе ве изеде, рече Трајчулевски.
22.06.2024 - 14:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега