Три хороскопски знаци никогаш нема да простат неверство
Секоја љубовна врска поминува низ предизвици, но проблемот настанува кога еден од партнерите бара бегство од проблемите или рутината во вонбрачна авантура. Партнерот што бил изневерен мора потоа да одлучи дали е подготвен да продолжи понатаму или приказната е завршена за него. Луѓето родени под овие знаци никогаш нема да простат неверство.
Шкорпија
Кога ќе дознаат дека се измамени, Шкорпиите не се изненадени. Тие и онака секогаш го очекуваат најлошото од другите. Дури и кога се во врска со некого со години, никогаш не му веруваат целосно и црвот на љубомората е секогаш присутен. Тие имаат исклучително големи побарувања од саканите, но во љубовта целосно се даваат себеси и тоа го очекуваат за возврат. Токму затоа никогаш не простуваат неверство бидејќи го сметаат за чин на предавство.
Овен
Овните се страсни и интензивни партнери, кои бараат многу, но и даваат многу. Иако не се олицетворение на верноста, од својот избраник очекуваат целосна посветеност. Ако дознаат дека си ги изневерил, нема да може да преболат. Гневот и бесот ќе ги обземат, ќе го опсипат партнерот со навреди или ќе фрлаат чинии по него. Неверството го доживуваат како предавство и никогаш повеќе нема да може целосно да му веруваат на партнерот.
Лав
Лавовското его е преголемо за да прости неверство. Дури и да го сакаат партнерот и да сакаат да бидат со него, нема да може да го преболат фактот дека ги понижил и посрамотил. Не може да ја поднесат мислата дека ги изневерил тој што го сакаат и со кого го делеле доброто и лошото, па таа приказна за нив ќе биде завршена. Лавовите никогаш не простуваат повредено его.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа