Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје


Во текот на вчерашниот и денешниот ден три лица пријавиле дека биле искасани од кучиња скитници на територијата на Скопје.

Вчера во 20.50 часот во Полициската станица Центар, Љ.В.(54) од Скопје пријавил дека на ул.„Ѓуро Ѓоновиќ“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

Денеска во 00.10 часот во Полициската станица Кисела Вода, М.З.(27) од Скопје пријавил дека на ул. „Христо Татарчев“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

Вчера во 17.20 часот во Полициската станица Чаир, С.Т.(52) од Скопје пријавил дека на ул.„Љубо Петровиќ“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

25.04.2024 - 12:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега