Трипуновски: На 28 корисници им се врачени 67 нови договори за одгледување и заштита на дивечот во ловиштата
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска на 28 корисници на дивечот во ловиштата им врачил 67 нови договори за одгледување и заштита на дивечот во ловиштата. Овие договори се во важност до објавување на јавен повик за давање на користење на дивечот во ловиштата. Со нив се уредува одгледување и заштита на дивечот во ловиштата, соопшти Министерството.
Во јули месец, се додава во соопштението, на овие 28 корисници на дивечот во ловиштата востановени на територијата на Република Македонија, а кои со договор за користење/концесија стопанисуваа со 67 ловишта, им беа истечени договорите за користење/концесија на дивечот во ловиштата.
- Започнавме со решавање на сите оние отворени прашања и проблеми во ловството во Македонија, воспоставуваме ред и контрола над дивечот во ловиштата, го подигнуваме ловството како стопанска гранка на повисоко ниво. Ја подобруваме општата ситуација во ловиштата во Република Македонија. Конечно ќе имаме нормално и функционално користење на дивечот во ловиштата, истакна Трипуновски.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во наредниот период ќе распише јавен повик за давање на користење на дивечот во ловиштата за 72 ловишта востановени на територијата на Република Македонија.
- Средени и одржувани ловишта тоа барање од страна на ловечките друштва ќе биде исполнето, велат од МЗШВ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа