Турција окована во студ, измерени -34 степени
Минус 34 степени Целзиусови се измерени денеска во областа Ерзурум, источна Турција, јави турската државна телевизија ТРТ-Хабер.
Екстремно студен бран зафати многу региони во источна Турција. Најниска температура на воздухот синоќа во Турција е измерена во градот Текман, во Ерзурум, каде беа измерени минус 34 степени.
Во центарот на округот Ерзурум температурите се спуштаат до минус 18 степени во текот на ноќта. Исклучително студено синоќа беше и во источната провинција Ардахан, каде температурите на многу места се спуштија до минус 26 степени, а во градот Голе – до минус 31 степен.
Во областа Агра, се измерени минус 21 степен. Во регионот реките се замрзнати. Во Карс температурите се спуштија до минус 18 Целзиусови степени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа