Уапсен дилер на дрога кој избегал од затвор во Струмица

 


Вчера во 05.00 часот во село Нова маала, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Џ.А.(24) од село Нова маала.

Тој бил осуден на затворска казна во траење од една години и шест месеци за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори “ по член 215 од Кривичниот законик, а бил баран по потерница поради бегство од Казнено - поправната установа Затвор Струмица.

Лицето било спроведено во Казнено - поправната установа Затвор Струмица за доиздржување на една година и три месеци од казната.

25.03.2025 - 12:13

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега