Убиство, мачење и уништување на семејството: Вучиќ и Брнабиќ добиле закани

 

По наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград на Специјалното одделение за високотехнолошки криминал, полицијата го уапсила М.Т. поради кривичното дело Загрозување на сигурноста од член 138 став 2.

М.Т., се сомничи дека преку социјалните мрежи упатил грозоморни закани до претседателот Александар Вучиќ, како и до претседателката на Собранието Ана Брнабиќ.

Тој е обвинет дека напишал пораки на социјалните мрежи во кои пишува: „Ќе го убијам татко ти, ќе ја заколам мајка ти, ќе ги мачам братот, синот и ќерката…“.

Осомничениот и се заканувал дека ќе ја убие Ана Брнабиќ.

Тој се товари за кривично дело загрозување на сигурноста.

Смртните закани преку Интернет се кривично дело според Кривичниот законик на Република Србија, за што сторителите можат да добијат затворска казна со различно времетраење.

Во најголем број случаи, смртните закани преку социјалните мрежи може да се оквалификуваат како кривично дело загрозување на сигурноста, за кое во зависност од бројот и одредени карактеристики на жртвите, можно е да се изрекуваат затворски казни од една до пет години.

Тоа може да биде и кривично дело прогон, за кое во зависност од последиците може да се изрече казна затвор од три до 10 години.

17.02.2025 - 18:09

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега