Убиство во Скопје: Едно лице убиено, друго рането со два куршуми

 

Едно лице е убиено, а едно е повредено во престрелка што синоќа се случилa во Топанско поле во Скопје.

Според информациите, двете лица се на возраст од 35 години, а неофицијално, таткото на убиеното лице е член на ДУИ и бил директор во некоја од инспекциските служби.

Повреденото момче е во градската болница Свети Наум, во стабилна состојба.

- „На полноќ се донесени двајца пациенти, едниот без знаци на живот. Другиот со две прострелни рани, едната во лумбална регија, другата во подлактица и е во стабилна состојба“, велат од болницата за „Скопје1“.

Се очекуваат детали од МВР за престрелката.

11.02.2025 - 09:43

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега