УХМР соопшти каде утрово беше најсвежо, а каде најтопло

Утрово е најсвежо во Лазарополе, 11 степени, а максимални 20 степени се измерени во Демир Капија, Кавадарци и Виница. Во Берово е 14 степени, 15 Крива Паланка, Претор, Попова Шапка, 16 Тетово, Маврови Анови, Охрид, Битола, 17 Струмица, Дебар, 18 Скопје-Петровец, Прилеп, Куманово, Гевгелија, Крушево, како и 19 во Скопје-Зајчев Рид, Штип, Дојран и Велес.

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Попладне ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Максималната температура ќе биде во интервал од 30 до 37 степени. UV=8. 

Во Скопје сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Максималната температура ќе достигне 37 степени.

10.06.2024 - 09:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега