УЈП ја објави најновата листа на должници: Кои фирми и физички лица најмногу должат?
Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави најновата листа на должници 10/2024, за долгови доспеани до 30.06.2024 и неплатени до крајот на септември по основ на даноци, односно ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.
На листата се најдоа 1976 должници правни лица, и 3786 физички лица. Вкупниот нето долг изнесува 11.042.537.967 денари.
Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 10.884.428.089 денари, (помалку за 45.943.439 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 158.109.878 денари (помалку за 18.931.314 денари од претходната листа).
Комплетната Листа на должници можете да ја погледнете ТУКА.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа