Украина: Заменичка на главниот обвинител и ќерка и се најдени мртви
Поранешниот заменик главен обвинител на Украина Олга Колинко и нејзината ќерка Јарослава беа пронајдени мртви во Киев. Телата на две жени без знаци на насилна смрт се пронајдени во различни станови, пишува новинската агенција Интерфакс, повикувајќи се на полициски извори.
Двата стана беа заклучени одвнатре, а се верува дека жените починале во различно време. Според првите информации, мајката починала пред два месеци, а ќерката пред околу три недели. Телата се пренесени на судско-медицински вештачење за да се утврдат точните причини за смртта и да се донесе одлука за понатамошно постапување.
Телото на 71-годишната Олга е пронајдено денеска кога полицијата ја скршила вратата бидејќи соседите се пожалиле дека од станот тече вода, а никој од сопствениците не ја отворал вратата. Познато е дека Олга долги години била тешко болна, поради што не го напуштила станот.
За неа се грижела нејзината ќерка која била пронајдена во блискиот стан. Инаку, Олга беше заменик главен обвинител на Украина во два наврати: 1993 – 2000 и 2003 – 2005. Исто така, од 2001 до 2003 година, таа беше на чело на Комитетот за борба против организираниот криминал и корупција за време на мандатот на претседателот Леонид Кучма, пишува Украинска Правда.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа