Украинки, Бугарки и Србинки приведени во локал во гостиварско

 


СВР Тетово извести дека ноќеска 5 минути после полноќ, полициски службеници од ОВР Гостивар извршиле акциска контрола во угостителски објект во атарот на Зубовце, гостиварско, покрај автопатот Тетово – Гостивар.

„При контролата биле затекнати и поради злоупотреба на туристичкиот престој и недозволено вработување, биле приведени пет женски лица на возраст од 24 до 32 години, од кои три од Република Србија, една од Република Бугарија и една од Република Украина.“, соопшти полицијата.

Тие биле задржани во полициска станица за понатамошна постапка.

18.02.2025 - 13:30

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега