Управниот одбор на ЈСП „Скопје“ поднесе тужба против в.д. директорот на претпријатието

 

Дел од членовите на Управниот одбор на ЈСП Скопје поднесоа тужба до Основниот граѓански суд Скопје против В.Д. директорот на ЈСП Скопје Александар Стојковски и Јавното сообраќајно претпријатие Скопје за јавно изречена навреда и клевета.

-На 20.10.2022 год. по налог на В.Д. Директорот на ЈСП на официјалната веб страна и на фејсбук страната на ЈСП Скопје објавен е идентичен текст во кој Управниот одбор на ЈСП Скопје неправедно се инволвира како еден од организаторите на штрајкот на синдикатите кој се случуваше истиот ден и дека членовите на УО ќе бидат дел од кривична пријава поради незаконско организирање на штрајк и попречување на работата на претпријатието.

Поради изнесувањето на невистини на официјалните јавни гласила на ЈСП Скопје и проследувањето на истите невистини до медиумите во државата, беше побарано јавно извинување од В.Д. Директорот до членовите на УО. Од причина што В.Д. Директорот на ЈСП Скопје одби да се извини на Управниот одбор, дел од членовите одлучија правдата да ја бараат пред надлежните судови во нашата држава, односно доставија Тужба против В.Д. Директорот на ЈСП за клевета. Поради изнесени невистинити факти и тврдења директно е нанесена штета на честа и угледот на членовите на УО на ЈСП, се наведува во соопштението.

Истакнуваат дека целта на ваквото однесување од страна на ВД директорот била да се префрли вината за настанатата ситуација на Управниот одбор на ЈСП, а со тоа и да се дискредитираат како личности и професионалци во својата работа.

-Иако во писменото известување, не се наведени членовите на УО по име и презиме, сепак нивниот идентитет е очевиден со оглед да на Веб страната на ЈСП, во делот ,,раководна структура,, се јавно објавени податоците за сите членови на Управниот одбор, што подразбира дека таквите податоци се јавно достапни за целата јавност, се вели во соопштението од Управниот одбор.

21.11.2022 - 11:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега