Уште двајца нови кандидати влегуваат во трката за Претседател - до сега 11

До Државната изборна комисија (ДИК) досега се поднесени вкупно седум изјави за прифаќање на иницијатива за собирање потписи за кандидирање за Претседател на Република Македонија. Собирањето на потписи за листи на кандидат за претседател на државата почна утрово.

Од ДИК информираат дека тројца од подносителите на изјавите, Вело Марковски, Билјана Ванковска Цветковска и Стевчо Јакимовски, ќе собираат потписи за кандидатура во подрачните канцеларии на Државната изборна комисија и пред нотари кои самите ги определиле. ДИК ги објавува листите на нотари каде што ќе се собираат потписите за кандидирање за Вело Марковски, Билјана Ванковска Цветковска и Стевчо Јакимовски, велат од ДИК.

Како што соопшти ДИК, четворица од подносителите, собирањето на потписите за кандидирање за претседател ќе го реализираат во подрачните канцеларии на Државната изборна комисија: Томе Николоски, Бујар Османи, Господин Поповски и Максим Димитриевски.

Томе Николовски и Господин Поповски се нови имиња кои досега не кружеа во јавноста.

Заедно со кандидатите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ како и кандидатката на Бошњаците која најави кандидатура, во обид да се најдат на гласачкото ливче во моментов има 11 кандидати.

23.02.2024 - 09:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега