Уште една трагедија на Детската клиника: Почина деветгодишно дете

 


Уште една трагедија ја потресе македонската јавност, деветгодишно дете од светиниколско пред два дена починало на Детската клиника.

Директорот Реџеп Мемеди вели дека детето било донесено од штипската болница во многу тешка, неповратна здравствена состојба.

Претходно било болно, било дехидрирано и имало цревна инфекција.

– Детето е донесено на Одделот за детски болести во ЈЗУ Клиничка болница -Штип на 14 јануари во 18 часот во тешка општа состојба со засегната свест. Веднаш се реализирани биохемиски иследувања и КТ на глава и поради тешката состојба со медицинска придружба во 19 часот истиот ден детето е транспортирано до УК ДБ-Скопје, се вели во соопштението од Клиничка болница-Штип.

Инаку, според информациите од Клиничка болница-Штип, деветгодишното дете кое почина на Клиниката за детски болести во Скопје е од Општина Свети Николе.

16.01.2025 - 13:30

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега