Успешна мисија: Младата девојка која падна во канал е извлечена

Малолетното девојче кое паднало во увала во близина на манастирот Свети Илија над Струмица е извлечена, и во моментов се наоѓа во струмичката болница, информираа од Центарот за управување со кризи за Прес24.

За потсетување, вечерва околу 20.30 часот на 112 е добиен повик од возрасна жена која известила дека нејзината малолетна ќерка е падната во увала во близина на манастирот Свети Илија над Струмица но не ја знае точната локација. Воедно известила дека ќерката има повреди на главата.

„Операторите од 112 ја смириле видно вознемирената мајка и побарале од неа да ја извести ќерката да се јави на 112 за да се утврди локацијата на која се наоѓа. Ќерката се јавила на 112 исплашена и вознемерина, кажала дека има повреди на главата и дека не знае да го посочи точното место на кое паднала. Операторите од 112 преку системот на 112 ја утврдиле точната локација а ооеративците од Секторот за операции и координација од ЦУК итно ги известиле СВР Струмица, ТППЕ Струмица и Итната медицинска помош од Струмица. Сите посочени екипи веднаш излегле на терен, ја пребарале посочената локација и откако најпрво викајќи оствариле гласовен контакт со повреденото и исплашено лице набргу потоа успеале да ја најдат и да ја спасат“, соопшти ЦУК. 

Повеќе информации за нејзината здравствена состојба се очекуваат во текот на утрешниот ден. 

24.06.2024 - 22:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега