Утрински навики од кои се дебелееме - веднаш мора да ги промените

 

Нутриционистите твдрат дека некои утрински навики можат да бидат многу лоши и да доведат до зголемување на килограмите. Ова се некои од лошите утрински навики:

Не појадувате доволно

Според нутриционистите, поважно е да имате обилен појадок отколку што ќе јадете. Појадокот е најважниот оброк во денот, кој треба да ни даде енергија за работните обврски во текот на целиот ден. Обилен појадок и лесна вечера се најдобриот избор, што е подобро отколку да јадете чести и мали оброци. Најдобро е ручекот да биде средно обилен.

Не шетате на сонце

Сонцето согорува маснотии. Тоа е причината зошто луѓето добиваат повеќе килограми во текот на зимата отколку на лето. Не избегнувајте го сонцето, но не излегувајте на сонце без крема за сончање.

Не пиете вода по будење

Наутро е препорачливо да испиете чаша вода. Потребно е да пиете што е можно повеќе вода оти го забрзува метаболизмот и ги намалува шансите за дебелеење. Водата му помага на телото да се ослободи од токсини. Ако пиете вода кога ќе се разбудите, ќе го намалите процентот на масти.

Не вежбате

Утринското вежбање е многу корисно, бидејќи ги согорува калориите, го забрзува метаболизмот и се намалува апетитот. Истражувањата покажаа дека луѓето што вежбаат пред појадок јадат помалку храна во текот на денот. Затоа е препорачливо да вежбате на празен стомак.

Омилената храна ја јадете за ручек или вечера

Ако сте љубител на благо, подобро изедете ја омилената чоколада наутро. На тој начин многу помалку калории ќе се таложат во стомакот, па помали се шансите за дебелеење.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.10.2020 - 15:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега