Вархеји: Критериумите за членство на С. Македонија во ЕУ се јасни


„Критериумите за членство на Северна Македонија во Европската Унија се многу јасни. Не очекувам некаква промена во Преговарачката рамка“.

Ова во изјава за бугарската агенција БГНЕС го вели еврокомесарот за проширување и соседски прашања – Оливер Вархеји.

На прашање дали постои некаква можност за промена на условите што С. Македонија треба да ги исполни, имајќи предвид дека голем број македонски политичари тврдат дека може да има промена во Преговарачката рамка за Скопје, тој одговара:

„Критериумите се многу јасни од 2022 година, кога беше усвоена Преговарачката рамка. Тие мора да се исполнат и во оваа смисла не очекувам некаква промена. Не мислам дека земјите членки ќе сакаат да ревидираат некој од условите. Јасно е дека тие мора да се исполнат. Се надевам дека веднаш по изборите новата влада во Северна Македонија ќе ја преземе оваа работа и ќе продолжиме со исполнување на критериумите.

08.04.2024 - 15:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега