Василевска: Се отвора пандорината кутија на метастазата во судството

 


Почитувана македонска јавност вие сте најисправниот суд кои ќе донесете одлука, дали денеска ова што го правиме во македонското Собрание е издржано, е во интерес на сите македонски граѓани, е во интерес на иднината на Македонија или е само еднодневна политичка фарса, рече пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска на денешната собраниска седница на која се дискутира за интерпелациите на членовите на Судски совет, обраќајќи се до македонската јавност.

Бидејќи, додаде Василевска, ако погледнете од мојата лева страна ќе ја видите заинтересираноста на нашите колеги од опозицијата, но и нивната загриженост во однос на нивните штитеници во правосудниот систем.

„Но, дека денеска денот е посветен на нешто многу посериозно. Би рекла, денеска конечно се отвара пандорината кутија за една метастаза која е длабоко вкоренета во севкупниот општествено политички систем и истата влијае на животите и на текот на живеењето на многу невини македонски граѓани, кои под влијание на секакви заткулисни договори, коруптивни решенија на поединци, секако во правосудниот систем. Јас исто не сметам дека сите треба да ги ставиме на едно купче, но оние моќниците со дебел врат, кои што знаат како да допрат и да ве убедат дека треба така да се донесе одлуката. Бидејќи ова не е правосуден систем, почитувани, ова е едноставно еден обичен трансакционен систем, во којшто одредени корумпирани политички елити, моќници од бизнис фелата имаат задача да не држат длабоко закопани во калта, безредието, неверието“, рече Василевска.

Таа посочи дека сите овие од нас, едноставно, сакаат да предизвикаат да останеме само обични поданици во еден систем во кој што ќе глумиме граѓани, ќе плаќаме даноци, ќе се обидуваме да бидеме правични, ќе се обидуваме да се надоградуваме, но тука, истите овие големци, си имаат друга математика.

„И верувајте истите одлучуваат кој ќе живее, а кој ќе биде маргинализиран. Бидејќи нивните интереси треба да бидат задоволени, а не оние на македонскиот граѓанин“, посочи пратеничката Василевска.

11.03.2025 - 14:58

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега