Веселин Вујовиќ: Посакувам целата постава да биде од Македонци- да ги „гризат“ странците
Новиот тренер на македонскиот ракометен шампион Вардар, Веселин Вујовиќ, во интервју за „Балкан-хандбал“ зборуваше за составот и очекувањата за новата сезона.
Вујовиќ очекува Македонците да ги „гризат“ странците, односно да бидат на исто ниво.
– Имав разговори со младите македонски играчи. Барав оваа лето да одат на боречки спортови. Пивотмените на борење или џудо, а бековите и крилата на бокс или кик бокс. Има неколку причини. Сите боречки спортови се во дијагонален став. Така е и со ракометот. Ќе добијат на цврстина, агресивност и храброст. Знаете како е со играчите, штом работат во теретана, веднаш малку ги гледаат бицепсите во огледало. Не сакам Македонците во Вардар да играат алиби улога и да сметаат дека се што ќе направат лошо, дека ќе го поправат странците. Сакам да ги „гризат“ странците, да ги скубат и да не им даваат да играат повеќе од нив. Посакувам целата постава да биде од Македонци, па нека странците само гледаат, ма колку и да се платени, изјави легендарниот Вујовиќ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа