Весна Бејби со емотивен статус за Тоше: Врне како и оној понеделник- те сакам, недостигаш
Весна Петрушевска преку емотивен статус ја сподели болката која ја чувствува и 13 години од смртта на Тоше Проески.
-13 години Тоше неверојатно…како вчера да си правевме муабет пред снимање, па излеговме да ми го покажеш туарегот…се смеевме како подзакривуваш со ногата и како си ја повредил..колку беше убав,колку беше убав таа вечер…изморен, смирен, насмеан…ми кажа уште нешто таа вечер..те сакам, недостасуваш…врне и сега…како и оној понеделник…, напиша Петрушевска на Фејсбук.
Тоше последното телевизиско интервју пред кобната несреќа го имаше токму со Петрушевска во нејзината емисија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа