ВИДЕО: Ана Николиќ односите со Раста ги нарече “одвратни“, а потоа менаџерот издаде една тајна

 

Како гостин во емисијата „Амиџи шоу“ пејачката Ана Николиќ одговараше на незгодни прашања во делот „Што повеќе би сакал да направиш“, а во таа прилика уште еднаш суптилно го „боцна“ својот поранешен сопруг, познатиот рапер Стефан Ѓуриќ Раста.

„Што би сакала повеќе – никогаш да не си го запознала Раста или никогаш да не си имале пороци? – гласеше прашањето што водителот го прочита за Ана.

-Никогаш да не сум имала порок. Раста мораше да се случи. Ние сме во одвратни односи. Се шегувам, рече Ана.

Во одговорот се вклучи менаџерот Саша Мирковиќ кој откри една тајна.

„Абе ајде! Дури се договорија Раста да гостува на концертот на Ана во Арена“ – ја издаде Саша.

Ана на тоа одговори: „Под услов да напише песна. Некои од затворот, кои јас ги знам“.

19.04.2023 - 10:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега