(ВИДЕО) Бебе Реџа доби телефон по глава за време на настап - го прекина концертот, итно беше транспортирана в болница

 

Пејачката со албанско потело, Бебе Реџа беше погодена со телефон во глава на концерт во Њујорк.

Имено, настапот одма бил прекинат, пејачката била хоспитализирана, а напаѓачот е приведен.

Истрагата утврдила дека 27-годишно момче намерно фрлил телефон по 33-годишната пејачка.

Николас Малавгна од Њу Џерси е уапсен и обвинет за напад, а тамошните медиуми пренеле што кажал тој после инцидентот.

Тој признал го направил тоа зошто „му било забавно“.

Се обидував да видам дали може да ја погодам на крајот од концертот, бидејќи тоа беше забавно“ – рекол тој за американските медиуми.

20.06.2023 - 19:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега