(ВИДЕО) Дизајнерката Ива Спасовска се вери во Париз, покрај Ајфеловата кула
Moдната дизајнерка Ива Спасовска вечерва во најромантичниот град, Париз, Франција, кажа „ДА“. Оваа среќна вест ја сподели со своите пријатели и следбеници на социјалните мрежи „Фејсбук“ и „Инстаграм“.
Нејзиниот партнер, Бурак Биркан ја запроси на најромантичното место во светот, покрај светкавата Ајфелова кула, токму во стилот на дизајнерката Спасовска. На видеото објавено на социјалните мрежи, може да се забележи дека двајцата заљубени се облечени во бело.
Честитки до заљубениот пар доаѓаат од сите страни, а наши читатели откриваат дека едвај чекаат да видат каква прослава ќе биде организирана.
View this post on Instagram
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа